fbpx
5 C
Skopje

Васко Ефтов вели дека огромен дел од ВМРО ќе сакаат Влада со СДСМ, но без Мицкоски: Јас за разлика од вас не ги продавам своите принципи

АКТУЕЛНО

После бегството на Сашо Мијалков, на Заев му е јасно дека тој работи за пад на Владата на Зоран Заев. Кога е легнат на земја, коалиционите партнери му удараат шамар. И почнуваат да поставуваат барања. Затоа и тој е свесен и бараше да се гласа доверба на неговата Влада. Ако пред гласањето Заев понудеше широка Влада тоа ќе значеше дека губитникот Зоран Заев нуди коалиција на победникот ВМРО-ДПМНЕ. Но губитникот беше ВМРО-ДПМНЕ, па тој понуди широка Влада со ВМРО-ДПМНЕ но без Мицкоски.

Влада ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ но без Мицкоски. Е сега вие сте гласач и активист на ВМРО-ДПМНЕ. Се плашите имате кредит, дали ќе можете да го враќате тој кредит, сте имале дополнителни приходи, а може да останете без приходи. И сега добивате одредена понуда да бидете власт во Македонија, но без Мицкоски. Што ќе направите вие? Ќе речете па може и некој нов Христијан Мицкоски. Ако има некој нов лидер ние ќе бидеме дел од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ќе имаме повеќе пари, ќе имаме повеќе кредити. Многу ретко некој ќе размислува поинаку од ова. Во тој момент ќе разберете дека Мицкоски ве спречува да бидете власт во Македонија.

Вие можете да речете дека ова не вреди ниту пет пари, дека не се продавате, дека не можете да бидете дел од Влада со некој кој што продал се, но ретки ќе бидат тие. Има и такви политичари, тие завршиле во Будимпешта или завршуваат на буништето на историјата. Ќе се скарате со цела меѓународна заедница, ќе велите не ни треба НАТО, ЕУ итн итн. Но тие ќе бидат помал број. Еден дел ќе размислува дека треба да се скара со цел свет, но огромен дел ќе направи се за да во таа Влада бидат и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, вели Васко Ефтов во својата емисија Во Центар.

Ако јас прифатев да ги продадам своите принципи немаше да ги монтира моите емисии. Ќе монтираа пет други луѓе, немаше сам цел да заспијам на мојот портал. Јас нема да ги продадам своите принципи, но огромен дел ги продаваат своите принципи.

Погледнете го ова видео од најновата емисија на Васко Ефтов во продолжение

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -