Ако сакаше ВМРО-ДПМНЕ да се врати на власт, мораше да направи дисконтинуитет со груевизмот. Се додека не се направи дистанцирање од Груевски, овој Зоран Заев ќе владее во Македонија. Со Александар Даштевски вие го бетонирате груевизмот и им праќате порака до американците дека не сакате да расчистите со груевизмот. Играјте тогаш со Русија, со Москва, вели Васко Ефтов во својата најнова емисија ВО ЦЕНТАР.
Ги читате оние аналитичари на фејсбук кои велат дека во Америка се случило она што се случило на 27 април во Македонија и го нарекуваат Трамп американска верзија на Никола Груевски. Дали сте вие нормални, дали тоа го споредувате? Тоа се тектонски светски процеси. Доналд Трамп бил американска верзија на Никола Груевски. Па таму се водеше војна до истребување, таму не беше битен Бајден или Трамп. Тоа е како да споредите мало точаче или оние велосипеди со кои доаѓа Апасиев со Џамбо џет авион.
Во својата најнова емисија Васко Ефтов става акцент на тоа како ќе се одвиваат македонските политички процеси. Погледнете во продолжение: