fbpx
16 C
Skopje

Важни информации за вakцинираните со „АстраЗенека“: Еве кога се создава имунитет и кои се најчести несакани ефекти

АКТУЕЛНО

Голем број македонски граѓани викендов заминаа во Србија каде се вакцинираа против коронавирус со вакцината на „АстраЗенека“.

Министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук објави важни информации за сите граѓани кои веќе ја примија првата доза на вакцината „Астра Зенека“ и за оние кои во следниот период ќе се вакцинираат.

– По примање на првата доза од вакцината, потребни се до три недели да се создаде имунитет. Ова значи дека сите кои деновиве примиле вакцина треба да се исклучително внимателни и следните три недели да продолжат да ги почитуваат мерките за лична заштита.

– Најчести несакани ефекти: Болка на местото на апликација, црвенило и чешање, покачена телесна температура, треска, главоболка, болки во мускули. Се јавуваат кај 1/10 индивидуи. Поретко се јавува алергиска реакцијa.

– Најчесто несаканите ефекти се благи и краткотрајни и исчезнуваат еден ден до два по вакцинацијата.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -