fbpx
4 C
Skopje

Важно „нашите од Перт“ и Донски направија серија за Александар против грчката пропаганда

АКТУЕЛНО

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Додека трае сапунската опера „Која е мојата мајка“ во копродукција на синодите на МПЦ-ОА и БПЦ, СЈО обелодени дека поранешниот премиер Груевски и поранешниот вицепремиер Пешевски претерале со отворањето на денарски и девизни банкарски сметки. Името на Пешевски фигурирало и како сопственик на неколку оф-шор компании во Кипар. Со голем број сметки може да се пофали и рајава (гласачкото тело), со таа разлика што повеќето од нив одамна се во минус.

***

Македонија е единствената земја на светов, што може да се пофали со фактот дека и премиерот и лидерот на опозицијата беа на судење во еден и ист ден. Така достигнавме уште еден „врв“ во нашата историја. Ваквиот настан може слободно да се конкурира со фактот дека добро стоиме и со канализацијата. Дури 18 % од територијата на Македонија може да се пофали со канализациска мрежа. Ги чекам бугарските окупатори да ни се извинат, бидејќи за 3-те години овде, можеле да направат барем неколку метри канал, ама тие „пусти да останат“, биле зафатени со други „активности“.

***

Токму за тие „активности“ побара извинување митрополитот Повардарски, г. Агатангел. Тој како еден верен бранител на статус квото во црковните дела и недела во Македонија се побуни против писмото на Синодот на МПЦ-ОА до Синодот на БПЦ. „Окупаториве“ прво требало да се извинат за Ваташа, па после сме можеле да им праќаме писма за спас од белградската црковна блокада. Во право е отецот, нема што да бараме излез од ситуацијата преку БПЦ, СПЦ е таа што треба да ни даде Амин, така било, а некои сакаат и така да продолжи, ама да видиме дали ќе ги огрее тоа сонце.

***

Едно друго сонце го газат во ЈП Водовод, тоа најмилото, со шеснаесет краци. Таков им е патриотизмот на некои. Газат врз него или пак го полнат со опушоци, ако истиот им е нацртан во пепелниците. Толку знаат, толку можат.

***

„Нашите од Перт“ немаат сопирачки кога се работи за „богоугодниот“ култ што го имаат кон истото тоа сонце. По пародијата со „Александровото оро“ (овде), тие одлучија да зачукат уште една шајка во ковчегот на грчката анти-античкомакедонска пропаганда. Ве молам, аплауз за Александар Донски? Кој е Александар Донски, ли? Па тоа е истиот „научник“ на кој му се сонило дека зборува со Филип и Александар. Како бе не ви текнува на него, срам да ви е!!! Откако се погрижи за забавниот дел (со орото на Александар) , нашата дијаспора во Аустрелија одлучи да обрне внимание  и на едукацијата на „чедата Александрови“. Направиле проект насловен „Античките Македонци не се Грци“, а синоќа ја имав честа да ја видам и првата епизода (овде). Не би сакал да ја коментирам „тежината“ на оваа „серија“ како содржина. Погледнете ја монтажата (изведена во стил „Мамо мамо види, се научив да правам видеа на Windows Movie Maker“) и сѐ ќе ви стане јасно.

***

Инаку да знаете дека на овој „семакедонски проект“ му недостасуваат пари. Донски повикува да се запишете меѓу донаторите за ова „патриотско“ дело. Ве повикувам да помогнете!!! Како? Информирајте се на следниот линк (овде). Можете да го направите меѓу паузите во праќањето на пораки за лечење на македонските дечиња. Можете да заборавите на момент, дека живеете ден за ден и да останете во историјата. Заборавете на сета мака околу вас и дајте пари за хирот на некој си Џим Стефан од Сиднеј. Кој е Џим Стефан, ли? Тоа е продуцентот на ова ремек дело, башка сум сигурен дека е, и голем борец за „зачувување на името, наше исконско“. Сигурен сум дека Џим нема никаква претстава за тоа што се случува во Македонија. Гарант Донски заборавил да му каже дека во Македонија, родилки и бебиња умираат како муви. Не зборат патриотиве од дијаспорава за такви работи. Гајле им е дека сѐ уште нема именуван министер за здравство, ние и попис немаме спроведено од 2002 па што ни фали? Топ сме, можно е дури да најдеме јаглен на дното во дупката на дното, што ја копаме веќе 26 години.

Пишува: Батко Тане (Former Ancient Macedonian, или на македонски: Поранешен Антички Македонец)

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Имаат право да го мразат и ДПМНЕ и СДСМ: Се што kажа, денес е реалност, се што ќе каже за во иднина ќе стане...

Прочитај повеќе Имаат право да го мразат и едните и другите. И неговите, оние од ВМРО-ДПМНЕ кои ги создаде и кои во 90-тите се натпреваруваа...

Еkспертите предупредуваат: Ова е најголемата грешка која човеk може да ја направи по примањето на вакцината против Kовид-19

Вакцините против коронавирусот даваат надеж дека на глобалната епидемија конечно ќе ѝ дојде крајот, велат експертите. Сепак, тие предупредуваат дека луѓето никако не смеат да...

ТАЖНА ВЕСТ Имаше само 24 години: Почина синот на славнaтa манекенка koја пленеше со својата убавина

Тој тргна по стапките на својата славна мајка, која го магепса светот со својата убавина во 90-тите години, но според странските медиуми, страшниот пороk...

Најнова временсka прогноза за виkендот

Времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Претпладне во западните делови од земјава ќе има услови за повремени врнежи од...

Најново: Во Грција ќе можат да влезат и неваkцинираните

Прочитај во продолжение Во никој случај нема да биде услов за некој да влезе во Грција, да мора претходно да прими вакцина, потенцираше министерот за...
- Advertisement -