fbpx
28.8 C
Skopje

Вечерва ќе горат коледарски огнови, утре е Бадник

АКТУЕЛНО

Утре е Бадник, големиот ден пред Божиќ односно денот пред роденденот на Исус Христос, според христијанската традиција. Според Јулијанскиот календар по кој се раководи Македонската православна црква, Бадник паѓа на 6. јануари секоја година, а Божиќ на 7. jануари.

Божиќ или Рождество Христово – денот на Христовото раѓање според христијанската традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Црквите кои го користат грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни цркви, го прославуваат на 25 декември. Црквите кои го користат јулијанскиот календар, вклучувајќи ја и Македонската православна црква, го прославуваат Божиќ на 7 јануари до 2100 година, а потоа ќе го прославуваат на 8 јануари до 2200, па на 9 јануари до 2300 итн.

Традиционално, пред Божиќ, во Македонија семејството се собира на вечера на Бадник. Се подготвува богата трпеза исклучително со посна храна. Обичај е по вечерата софрата да не се крева, туку така заедно со храната да остане цела ноќ. Ова е поврзано со верувањето дека ноќта ќе дојде дедо боже и ќе се нахрани, или во некои места, духовите на мртвите.

За Бадник традиционално домот се украсува со бадниково гранче. Неизбежниот симбол на Бадник го симболизира здравјето, го слави животот и вечната среќа. Според народните верувања, токму со ова дрво праведниот Јосиф запалил оган за да го затопли штотуку родениот Исус и неговата мајка Марија.

Според народните верувања, токму со ова дрво праведниот Јосиф запалил оган за да го затопли штотуку родениот Исус и неговата мајка Марија. Рано наутро на Бадник, децата пеат и одат по куќите каде што од домаќините добиваат подароци.

Една од најпеаните песни што се пее на овој ден е „Коледе леде“, а која ја среќаваме и во запис на Г. Бојаџијев, објавена во 1893 година.

Коледе, леде!
паднало греде,
утепало деде.
Дедо се мачи,
баба го квачи,
со четири јајца
гускини, паткини!
О. О. коледе!

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -