fbpx
10 C
Skopje

Вечерва нов бран врнежи, се најавуваат дожд и снег

АКТУЕЛНО

Претпладне сончево со мала облачност, а кон југот со зголемена облачност и со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер југоисточен ветер кој во долниот тек на Повардарието краткотрајно ќе засилува. Од вечерните часови од југозапад ќе почне нов бран од врнежи. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Нов бран од врнежи од дожд ќе започне од вечер од северозапад и ќе трае и во среда преку денот. На планините овие врнежи ќе бидат од снег, а понекаде на северозападот повремен снег ќе има и на повисоките места. Во среда и во четврток ќе дува засилен северозападен ветер.

Од четврток ќе биде стабилно со утрински температури кои на повеќето места ќе бидат негативни. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -