fbpx
10 C
Skopje

Вечерва започнува нокаут рундата во Лигата на Шампионите

АКТУЕЛНО

Со двата осминафинални натпревари ПСЖ – Барселона и Бенфика – Борусија Дортмунд кои ќе се одиграат вечерва, ќе започне нокаут рундата во Лигата на Шампионите.

Благи фавороти во двомечите се Барселона и Борусија Дортмунд, но со сигурно е јасно дека Бенфика и ПСЖ нема да остават ништо на случајноста и ќе се обидат да направат изненадување.

Утрешниот ден исто така носи две мега средби, па Арсенал ќе гостува во Минхен против Баерн, додека бранителот на титулата, тимот на Реал Мадрид ќе ги одмери силите со Наполи.

Веќе следниот вторник на програмата се средбите Манчестер Сити – Монако и Баер Леверкузен – Атлетико Мадрид. Во среда пак првите натпревари од осминафиналната рунда ќе ги комплетираат Севиља – Лестер и Порто – Јувентус.

Вчера беше презентирана и топката со која ќе се одигра финалето од Лигата на Шампионите кое е закажано за 3. јуни во Кардиф. За изработка на овој модерен дизајн е задолжен „Адидас“, кој уште еднаш ги потврди своите квалитети.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -