fbpx
3 C
Skopje

Во овие делови од Македонија е бело – Вее снег од рано утринава

АКТУЕЛНО

Слаб снег утринава има на неколку планински превои. Авто мото сојузот информира дека снег провејува на Попова Шапка, Маврово, Стража, Крушево и Буково.

На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива по влажни коловози.

Надвор од градските средини, интензитетот на сообраќајот е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -