20.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

ВЕЌЕ НЕ МОЛЧАМ! Гвардиола е суров расист!

Јаја Туре цели две години молчеше и не даде никаква изјава за својот однос со Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, но сега откако и официјално стави крај на својата незаборавна етапа на „Итихад“, искусниот играч за врска одлучи да се отвори во интервју за „Франс Фудбал“.

Многумина предвидуваа дека Туре нема да заигра во Сити и дека експресно ќе биде продаден од шпанскиот стручњак, а иако воопшто не се изнаигра во првата сезона, на фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска му беше продолжен договорот за дополнителна сезона и тука се чинеше дека страстите и недорзбирањата се смирени.

Набојот на емоции беше навистина силен бидејќи всушност најголемите проблеми ги правеше агентот на Туре кој во безброј наврати го нападна и омаловажи Гвардиола, па така Пеп во еден момент од првиот дел од сезоната побара од Селук јавно да му се извини за Јаја да се врати во тимот (тогаш беше отстранет). Откако се смирија страстите, искусниот Туре заигра во вториот дел од сезоната и му беше продолжен договорот, но сепак во последната сезона во Сити речиси и воопшто да не заигра, освен на прошталениот меч кој му беше организиран.

По двегодишно молчење, поранешниот играч на Барса кој и таму имаше нарушен однос со Пеп одлучи конечно да се отвори, а при своето обраќање не беше воопшто мек.

– Се обидов да останам фокусиран во оваа последна сезона и често барав статистички податоци од неговиот тим на тренери. Кога сфатив дека сум на исто ниво, а дури и подобар во параметрите на тренинзите и одреени мечеви, ми стана јасно дека не станува збор за мојата физичка подготвеност. Не знам зошто, но добив впечаток дека тој е љубоморен на мене, ме сметаше како негов ривал. Со сета почит и сета респект, мислам дека Пеп направи се за да ја расипе мојата последна сезона во тимот. Беше навистина суров со мене, дали мислите дека може да му го направи ова истото на Андрес Иниеста? Отидов со мислите до различни точки и се запрашав дали ова се случува поради мојата боја на кожата. Јас не сум првиот, други играчи на Барса се прашувале истово. Можеби ние Африканците не сме третирани во фудбалот како други луѓе. Кога ќе видите дека Пеп имаше повеќе проблеми со африкански играчите, нема да ви биде чудно ова прашање. Тој е преинтелигентен за да биде фатен. Никогаш нема да го потврди ова, но денот кога ќе селектира пет африкански играчи во својот тим, ветувам дека ќе му испратам торта, – брутално вели Туре.

Извор: Дерби.мк

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави