fbpx
6.8 C
Skopje

Веќе нема дилеми: Раул Гонзалес нов селектор на Македонија

АКТУЕЛНО

Шпекулациите кои во изминатиот период беа актуелни, денес и официјално се потврдија – Раул Гонзалес е нов селектор на машката ракометна репрезентација на Македонија.

Стратегот на Вардар денес беше промовиран во просториите на РФМ, заедно во присуство со претседателот Живко Мукаетов, каде Шпанецот потпиша договор до 2020-та година.

„Сакам да му се заблагодарам на Вардар што ми дозволи да бидам тука и да имам можност да ја прифатам оваа работа. Мило ми е што ќе бидам селектор на Македонија и ќе работам со овие играчи. Не знам ногу за составот и играта, но ќе разговарам со секој играч поединечно и ќе создадам слика за иднината. Ќе одиме од натпревар во натпревар понатаму“, изјави Гонзалес.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -