fbpx
11.8 C
Skopje

Веќе нема опција за избегнување: Груевски оди во затвор

АКТУЕЛНО

Апелациониот суд во Скопје ја потврди двегодишната затворска казна на поранешниот премиер Никола Груевски, за случајот на СЈО „Тенк“.

„Жалбите на обвинетиот Н.Г. од С изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост – се наведува во соопштението од судот.

Исто така, Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-23/18, познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која жалбата на обвинетиот Ѓ.П. од С. делумно ја уважи на начин што ја преиначи во делот на одлуката за казната и го осуди на казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

Сепак, Никола Груевски веднаш нема да оди во затвор. Тој има право оваа одлука да ја обжали на Врховен суд, што ќе биде негова последна сламка за спас од затвор зад решетки.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -