4.5 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Соседот фатен како бега од самоизолација

Жителите на британскиот град Стивинг забележале трчање на грмушка на улица, при што истиот момент го документирале со телефонот и направиле снимка. Според „LAD Bible“,...

Филипче сподели: Една работа силно охрабрува

Министерот за здравство Венко Филипче, на својот Фејсбук профил сподели охрабрувачки вести, односно добро е тоа што бројот на заболени не расте нагло. -Иако сѐ...

Падна пресуда: По 3 и пол години затвор за обвинетите во „Титаник 3“

Ејуп Алими и Исмет Гури заработија затворски казни за изборни нерегуларности за време на локалните избори во 2013 година. Според пресудата која денеска ја објави...

Да се радуваме за оваа прекрасна вест: Детска клиника соопшти – 7 годишната Румеса ја победи леукемијата

Седумгодишната Румеса ја победи болеста и денеска целосно здрава си замина од Детската Клиника. Оваа убава вест Детската клиника ја објави на својот Фејсбук профил. „Во...

Велат не нема, ама еве сме

Уште од мали нозе не учеа да си ја сакаме татковината, така и ние продолживме да ги воспитуваме нашите деца кога ние станавме родители.

Посетувавме фолклорни друштва, каде што игравме македонско оро и каде што пеевме македонси песни. Фолклорни друштва преку кои нашата татковина беше претставена, а нашата традиција продолжена. Со желба и многу љубов секој втор ден ги учевме сите македонски ора, кои потоа беа играни пред нашите пријатели од Бугарија, Србија, Албанија, Турција, Полска, Романија, Унгарија и каде ли уште не.

Да! Пријатели! Тоа се наши драги и почитувани пријатели. Во текот на тие години запознав многу луѓе од странство. Од најблиското наше соседство па се Будимпешта. Од сите држави стекнав по некој пријател. Со дел од нив останавме во редовна комуникација, а со дел од нив поради секојдневните обврски за жал ја изгубивме комуникацијата. Но, тоа наше пријателство беше одбележано со еден збор – почит!

Ние како македонско фолклорно друштво имавме почит кон нивните традиционални вредности, ора, песни и музика, а тие кон нашите. На нашите собири не постоеше разлика и не се делевме на македонци, турци, бугари, срби, или било какви други, и покрај тоа што, секој од нас си ја претставуваше на свој начин својата земја.

Македонско девојче е песна кое не зближуваше. И нашите „најлоши“ пријатели од Бугарија и Србија ќе станеа на оро, ќе заиграа покрај македонците како нивни браќа и сестри и сите во еден глас ќе извикуваа: Нема, нема и не ќе се роди, поубаво девојче од македонче!

Зошто го пишувам ова?

Не отрувте со национализам, не отрувте со омраза, не натеравте да си го мразиме ближниот сосед, а така не терате и да ги воспитуваме и учиме нашите деца. Буквално, омразата кон Бугарите, Србите или било кој друг народ ја третирате како поголема љубов кон сопствениот народ!

Тоа е нормално така бидејќи така Вам ви одговара! Така, Вие, политичарите ќе продолжите да бидете големите патриоти кој сакаат да не спасат од омразата на целиот свет, чии очи според Вас се вперени само и само кон Македонија!

Не велам не! Има личности кои велат дека Македонија е бугарска, има личности кои велат дека Македонија е јужна бановина, има личности кои велат дека Македонија е грчка, па дури и турска (нели овде 500 години биле турците). Секаква, само не Македонска! Вистината е дека денес нашата држава е реалност. Постоел и ќе постои македонски народ, постоел и ќе постои македонски јазик, постоел и ќе постои македонско оро, песна, култура, традиција, црква!

Да, велат не нема, ама еве сме, денес ние сме реалност! Но, немојте да продавате приказни дека Вие, македонските политичари, сте тие кои се борат за Македонија и македонштината. НЕ! Вие сте оние кои преку вашите политики не испокаравте со сите соседи, не испокаравте со сите наши пријатели (кои да, можеби грешат во многу ситуации, кои да можеби имаат нереални барања и очекувања) но сето тоа поради нивната политика со која сакаат да му покажат на македонецот дека неговата политика била погрешна и дека токму тој е виновен за сето она кое му се случува.

30 години де ВМРО, де СДСМ. Прво едните, па другите. Си ги менувате улогите како што Вам ќе ви одговара во дадениот момент. Ако до пред 20 години СДСМ беше антибугарски настроена и ги бранеше позициите на Македонија велејќи дека владата на ВМРО е таа која е предавничка, денес улогите се сменија! Утре, доколку дојде нова власт, можеби повторно ќе си ги замените улогите. А, народот. Се надевате дека тој ќе заборави. И дури мислите дека тој заборава, тој се иселува и тоа со бугарски пасоши! Си заминува од родното место, бидејќи овде не гледа просперитет и надежна иднина! Се иселува бидејќи Вие политичарите му ја крадете и сегашноста, но и иднината!

Народе македонски, со какви идеи си ти, доста беше разбуди се, свести се, не спиј ти!

Народот ќе се исправи, народот ќе ги казни СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за нивните лаги, манипулации, за нивното уништување на татковината, за нивното бркање на илјадници македонски семејства надвор од Македонија! Народот ќе се исправи и ќе Ви покаже дека лажните патриоти ќе заминат во историјата!

Патриот не е ако го мразиш соседот! Напротив, патриот ќе бидеш ако соработуваш со него, ако се трудиш заедно со него да придонесеш за подобар економски живот на граѓаните кои живеат во тоа соседство. Вие, политичарите внесовте омраза, која денес тешко се вади од душите на напатени македонски, бугарски, српски граѓани. Вие сте тие кои не само што не поделивте во Македонија, туку и не поделивте во светот!

Велат не нема, ама еве сме, тука сме и на 12 април ќе ви покажеме каде Ви е местото!!!

Latest Posts

Соседот фатен како бега од самоизолација

Жителите на британскиот град Стивинг забележале трчање на грмушка на улица, при што истиот момент го документирале со телефонот и направиле снимка. Според „LAD Bible“,...

Филипче сподели: Една работа силно охрабрува

Министерот за здравство Венко Филипче, на својот Фејсбук профил сподели охрабрувачки вести, односно добро е тоа што бројот на заболени не расте нагло. -Иако сѐ...

Падна пресуда: По 3 и пол години затвор за обвинетите во „Титаник 3“

Ејуп Алими и Исмет Гури заработија затворски казни за изборни нерегуларности за време на локалните избори во 2013 година. Според пресудата која денеска ја објави...

Да се радуваме за оваа прекрасна вест: Детска клиника соопшти – 7 годишната Румеса ја победи леукемијата

Седумгодишната Румеса ја победи болеста и денеска целосно здрава си замина од Детската Клиника. Оваа убава вест Детската клиника ја објави на својот Фејсбук профил. „Во...

АКТУЕЛНО

Соседот фатен како бега од самоизолација

Жителите на британскиот град Стивинг забележале трчање на грмушка на улица, при што истиот момент го документирале со телефонот и направиле снимка. Според „LAD Bible“,...

Филипче сподели: Една работа силно охрабрува

Министерот за здравство Венко Филипче, на својот Фејсбук профил сподели охрабрувачки вести, односно добро е тоа што бројот на заболени не расте нагло. -Иако сѐ...

Падна пресуда: По 3 и пол години затвор за обвинетите во „Титаник 3“

Ејуп Алими и Исмет Гури заработија затворски казни за изборни нерегуларности за време на локалните избори во 2013 година. Според пресудата која денеска ја објави...

Докторот од „Плодност“ направил и трето тестирање, сега нема коронавирус иако претходниот тест му беше позитивен

Сопственикот на битолската клиника Плодност, Таше Трпчевски и неговото семејство немаат коронавирус, покажало последното испитување кое фамилијарно го направиле. Преку веб страницата на Клиниката,...

Син на пациент од Козле: Физиотерапевтот и болничарот кој носел храна се меѓу заразените, пациентите дома без тест

Еден од пациентите на Физикална рехабилитација во Козле беше татко ми. Откако излезе првиот случај со заболениот пациент, него експресно го пуштија од болницата со...

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.