9 C
Skopje

Велковски за „Поглед“: Свети Николе функционира беспрекорно во борбата против невидливиот непријател

АКТУЕЛНО

И Груевски се прости од Амди Бајрам: Јас сум сведок дека тој беше човек кој помагаше на многу луѓе во тешки времиња

In memoriam Замина Амди Бајрам. Добар човек, снаодлив и многу емотивен, секогаш подготвен за добра шега. Незаборавен лик во македонската политика со кого имавме одлична...

ВМРО-НП: Георгиевски оствари средба со бугарскиот државен врв

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски при својата посета во соседна Бугарија оствари средби со министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, со потпретседателот на...

Свети Николе беше за пример и доби позитивни коментари на социјалните мрежи по веста дека младите од големите политички ривали СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се сплотија и комплетно ги дезинфецираа сите индивидуални и колективни и јавни површини на градот. Ова е навистина ретка слика и можам слободно да истакнам дека е единствена во нашата држава.

Иницијативата беше лично моја, но од друга страна претседателите на ограноците на младите на двете политички партии во нашата Општина ја примија со воодушевување и ја имплементираа на дело. Сите институции кои се под ингеренции на локалната самоуправа набавивме 32 грбни пумпи на батерии а младите волонтери ја покажаа својата солидарност и хуманост на дело. Се надевам дека овој пример ќе го следат младите и од другите општини на државата.

Кризниот штаб во Свети Николе функционира беспрекорно. Се договараме за спроведување на сите мерки на Владата, но и даваме препораки како да се однесуваат граѓаните во овие тешки времиња, особено за време на викенд. Формиравме мобилни тимови кои се активни во делење на промотивен материјал, достава на прехранбени продукти и лекови, достава на пакети до семејства од социјален ризик. Во овој контекст би сакал да изразам задоволство и благодарност до граѓаните кои помогнаа во подобра превенција и заштита на сите граѓани на опшштина Свети Николе.

Имено, една група на волонтери се вклучија во инсталирање на три пункта за дезинфекција на возила на влезовите во градот. Земјоделците сами се понудија и се вклучија со сопствена механизација без притоа да бараат некаква надокнада. Имаме исто така волонтери кои се вклучија во изработка на визери. Наши иноватори составија мобилен уред за дезинфекција на простории од вируси и бактерии кои е дониран на општината, а од пред два дена е даден на здравствениот дом во Свети Николе со цел негова дезинфекција. Истиот ќе биде употребен за дезинфекција на просториите во градинките, училиштата што се на територија на општината. Задоволен сум тоа што дел од граѓаните и комапниите се вклучија преку свои донации, но и лична помош. Благодарност до сите оние хумани луѓе кои во овие тешки времиња ја докажуваат својата солидарност и хуманост.

Во Свети Николе немаме заразени граѓани и се надевам дека така ќе остане во иднина. Според мене ова е бидејќи граѓаните ги почитуваат препораките, но и поради големата активност на Кризниот штаб. Тука би ја истакнал големата активност и на ЈП Комуналец кој е организатор на скоро сите активности за дезинфекција на локално ниво секако во координација со противпожарната територијална единица во Свети Николе.

На граѓаните им овозможуваме бесплатна достава на средства за дезинфекција до своите домови, се дезинфецираат сите влезови во зградите. Формирани се и кризни штабови во сите поголеми села и со нив имаме постојана координација, рече градоначалникот на Свети Николе Сашо Велковски во изјава за порталот „Поглед.мк“.

Тој упати порака и за христијанскиот празник Велигден. Оваа година празникот го доживуваме во друга атмосфера, во битка против невидлив непријател. Оваа борба не сплоти сите, во неа доаѓаат до израз вистинските човечки вредности, љубовта, семејство, хуманоста, солидарноста, пријателството. Посакувам празникот да го дочекаме во добро здравје, мир, семејна хармонија и благосостојба. Ви посакувам среќни Велигденски празници.

Вклучување во ЖИВО на градоначалникот на Свети Николе Сашо Велковски

Posted by Pogled.mk on Saturday, April 18, 2020

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Строги мерки: Се воведува полициски час во одредени градови кои претставуваат корона-жариште во соседна Грција

Заради зголеменото ширењето на коpoнa Грција воведе дополнителни мерки, вклучително и полициски час во Атина и Солун. Мерките стапуваат на сила во 6:00 часот денес...

И Груевски се прости од Амди Бајрам: Јас сум сведок дека тој беше човек кој помагаше на многу луѓе во тешки времиња

In memoriam Замина Амди Бајрам. Добар човек, снаодлив и многу емотивен, секогаш подготвен за добра шега. Незаборавен лик во македонската политика со кого имавме одлична...

И Сашо Мијалков се прости од Амди: Беше легенда 102, 3 %, ќе бидеш долго запаметен на јавната сцена

Драг пријателе, Беше легенда 102,3%, вели Сашо Мијалков по повод смртта на Амбди Бајрам. – Со својата појава и уникатно однесување ке останеш долго запаметен...
- Advertisement -