fbpx
-1 C
Skopje

Велосипедисти од Македонија и Бугарија со тури за природните потенцијали за одржлив туризам на Осогово

АКТУЕЛНО

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Петнаесетина велосипедисти од источна Македонија и западна Бугарија денеска возеа планинска рута во падините на Осоговските Планини од македонската страна на границата, откривајќи ги природните потенцијали за одржлив туризам на Осогово. Активностите се дел од проектот „Поддржување на одржлива иднина за луѓето и природата на Осоговските Планини“ кој Македонското еколошко друштво (МЕД) го спроведува заедно со партнерската организација Биолошка фондација за биоразнообразие (ББФ) од Бугарија, во координација со германската фондација Еуронатур.

Целта е да се поддржи имплементација на добри практики за регионално одржлив развој, во соработка со локалните заедници, како и да помогне во зачувувањето на ексклузивното биолошко разнообразие на Осогово.

Учествуваа осум велосипедисти од Македонија, од Скопје, Кочани, Штип, Виница и шест велосипедисти од Ќустендил и Софија, Република Бугарија.

– Вчера се возеше патеката Три Буки во соседна Бугарија, во услови на снег, околу 30-тина километри, додека денеска возевме од Калин Камен, преку Царев Врв и Пониква и Злетово, околу 40 километри. Утре во манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ ќе се одржи прекуграничен форум за презентирање на резултатите од анализата за турите и патеките кои ќе може да се понудат како туристички понуди и да се обележат, изјави Панче Зафиров од ВК „Москито“, Кочани.

На трките учествуваа професионални велосипедисти, кои истакнаа дека ќе се понудат по три-четири патеки од двете страни на Осоговската Планина, со цел истите да може да ги возат не само професионалци, туку и рекреативци кои ќе посакаат да уживаат во убавините на овој крај.

– Повеќе години се натпреварувавме во тркачки или роад-велосипедизам, сега сме дел од планинските патешествија, планински велосипедизам. Овој настан е одличен за запознавање на можностите на двата предели, секој дел од планината, секој врв што се искачува, секоја мината река и пејзажите кои се гледаат се неповторливо уживање, поради што повикувам секој кој има можност да го искуси ова, изјави Јоже Јованов, повеќекратен првак во велосипедизам на Македонија.

Проектот е финансиран од Германската федерална фондација за животна средина (ДБУ), Франкфуртското зоолошко друштво (ФЗС) и со сопствен придонес на партнерите.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Пронашол изгубен новчаник, подоцна добил писмо кое го расплакало

Се враќал од продавница, кога на паркингот до автомобилот забележал туѓ новчаник. Веднаш покажал дека е добар човек, со потегот кој го направил. Џастин Тарел...

Авиooн се срyшил, загинале 520 луѓе, а 35 години подоцна се појавил пак на радарите

Јапонски патнични авион со број JL123 на Japan Airlines се срушил на 12 август 1985 година. И до ден денес според статистиката тој е...

Една од последиците на коронавирусот е опаѓање на косата

Голем број луѓе со коронавирус по закрепнувањето пријавија проблем со опаѓање на косата, а некои познати личности решија да го споделат со јавноста. Една од...

ХАРВАРД ТЕСТ ОД 1869 ГОДИНА: АKО ГО ЗНАЕТЕ ТОЧНИОТ ОДГОВОР, ВИЕ СТЕ НАТПРОСЕЧНО ИНТЕЛИГЕНТНИ

Малку луѓе можат да одговорат правилно на ова прашање. Внимателно прочитајте ја задачата и обидете се да го дадете точниот одговор Универзитетот Харвард е познат...

Лажат штом проговорат: Три хоросkопски знаци кои премногу саkaат да ја извртуваат вистината

Никој не ја кажува вистината во секој момент од животот, на за личностите родени во овие знаци, лажењето е составен дел од денот. Тие...
- Advertisement -