fbpx
16 C
Skopje

Венецуела донирала 500.000 долари за инаугурацијата на Трамп

АКТУЕЛНО

Венецуела донирала 500.000 долари за свеченостите поврзани со инаугурацијата на новиот претседател на САД, Доналд Трамп, заедно со уште десетици американски компании, покажуваат податоците од извештајот на Федералната изборна комисија.

Парите биле вложени преку „Ситго Петролеум“, филијала на венецуелската државна нафтена компанија, која има седиште во САД.

Откритието доаѓа во време кога економијата на Венецуела се наоѓа пред целосен колапс, по четири години тешка рецесија и драстичен пад на цената на нафтата и во услови кога Владата на претседателот Николас Мадуро нема пари за набавка на храна на основните продукти и лекови за населението.

Ситуацијата во оваа јужноамериканска земја се усложнува и со длабоката политичка криза, предизвикана од барањата на опозицијата за оставка на Мадуро, кого го обвинува за состојбата во Венецуела.

Опозицијата тврди дека Мадуро дека сака да направи „нова Куба“. развивајќи социјалистичка економија и служејќи се со популистички методи за да ги привлече гласовите на најсиромашните слоеви на венецуелското општество.

Во Каракас веќе неколку недели траат масовни протести на опозицијата, што власта ги разнива со употреба на брутална сила. Само на последните масовни протести, беа убиени најмалку пет лица.

Откритието дека левичарската Венецуела која спроведува „социјалистичка револуција“ вложила пари „кои ги нема“ за инаугурацијата на Трамп, предизвика гневна реакција во јавноста на земјата.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -