-Вкупниот број на тестирања денеска се 43 од кои три се позитивни. Вкупниот број на дијагностицирание пациенти е 70 (една жена патувала од Србија, бабата на девојчето од Штип и пациент од Скопје)
Градови во кои има се заболени се Скопје, Дебар, Гостивар, Штип и Oхрид.
Граѓаните од понеделник ќе можат да пријават непочитување на препораките од Владата за заштита од коронавирусот на бесплатната линија 191. Секој граѓанин ќе може да пријави доколку забележи угостителски објекти кои работат или, пак, зголемување на цените на основните производи.
Како што информира министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција во Владата, веднаш по пријавувањето екипи на Државниот пазарен инспекторат ќе се упатат на терен за да ја утврдат состојбата.