18 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Чулев: Строго ќе се санкционираат активностите во насока на поткуп на гласачи

Министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Наќе Чулев денес на 29.06.2020 оствари средба со граѓаните од Шуто Оризари со претставници на ромските организации...

Заев од Гевгелија: Обнова му треба на ВМРО-ДПМНЕ, а не на државата, таа е на прав пат

СДСМ ги престави носителите во четвртата изборна единица, Зоран Заев и Соња Мираковска, на трибина во Гевгелија. Лидерот на партијата во говорот се осврна...

Венко Филипче: ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирусот

Не е точно дека смртноста од коронавирусот во земјава е највисока во регионот. Таа е исто така далеку под европскиот и светскиот просек, напиша Филипче.

Министерот за здравство, Венко Филипче, во пост на Фејсбук ја објасни бројката на смртни случаи во земјава и потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ манипулира со таа бројка и со статистиките за смртност од коронавирус во споредба со регионот.

ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирусот и тоа е навистина загрижувачки. Не разбирам како може да се манипулира и политизира оваа бројка, но должен сум да ја споделам вистината. Не е точно дека смртноста од коронавирусот во земјава е највисока во регионот. Таа е исто така далеку под европскиот и светскиот просек.

Дополнително, кај нас за разлика од многу други земји, се зема постмортем брис на лицата кои починале со симптоматологија на болеста. Ова е одговорна стратегија затоа што на овој начин ги изолираме контактите на починатиот и превенираме понатамошно ширење на епидемијата. Ако од вкупната бројка на починати од ковид-19 се изземат позитивните резултати постмортем, стапката на смртност во земјата би била уште пониска.

Апелирам да престанат деструктивно да делуваат и да ја политизираат темата со коронавирусот. Здравствените власти транспарентно и навремено информираат од почеток на кризата. Сите информации кои ги објавуваме се точни, а статистиките се изработени согласно препораките на меѓународните здравствени институции, напиша министерот Филипче во пост на Фејсбук.

Latest Posts

Чулев: Строго ќе се санкционираат активностите во насока на поткуп на гласачи

Министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Наќе Чулев денес на 29.06.2020 оствари средба со граѓаните од Шуто Оризари со претставници на ромските организации...

Заев од Гевгелија: Обнова му треба на ВМРО-ДПМНЕ, а не на државата, таа е на прав пат

СДСМ ги престави носителите во четвртата изборна единица, Зоран Заев и Соња Мираковска, на трибина во Гевгелија. Лидерот на партијата во говорот се осврна...

АКТУЕЛНО

СЗО повика да се зголеми производство на „Дексаметазон“

Светската здравствена организација (СЗО) повика да се зголеми производството на Дексаметазон, откако британските научници објавија дека тој стероид значително ја намалува смртноста кај...

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.