Во последните 24 часа се направени 1181 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19 во:




-Скопје 95, Куманово 10, Штип 12, Прилеп 27, Тетово 11, Струга 1, Велес 30, Битола 34, Охрид 1, Кавадарци 7, Гостивар 41, Гевгелија 7, Струмица 7, Крива Паланка 3, Радовиш 10, Крушево 1, Пробиштип 1, Демир Хисар 1, Берово 3, Валандово 1, Виница 3, Делчево 1, Кратово 1, Свети Николе 6, Кичево 14, Ресен 2, Неготино 6
Починати се 32 лица, дванаесет пациенти од Скопје (66, 59, 81, 69, 57, 68, 73, 80, 85, 67, 77 и 82г), двајца од Прилеп (70 и 55г), тројца од Тетово (64, 79 и 67г), двајца од Струга (67 и 74г), еден пациент од Велес (51г), двајца од Охрид (70 и 74г), еден од Кавадарци (77г), еден од Гостивар (61г), двајца од Струмица (63 и 66г), двајца од Радовиш (62 и 70г), еден пациент од Кочани (64г), еден од Делчево (78г), еден од Кичево (64г) и еден пациент од Неготино (55г). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.




Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 544 оздравени пациенти
Досега во земјата се направени вкупно 332. 286 тестирања на Ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 61878, бројката на оздравени пациенти е 38946, на починати е 1763, а бројот на активни случаи изнесува 21169.
Се заблагодарувам на Армијата за огромната поддршка која ни ја даваат во справувањето со ковид кризата. Од денеска, воено медицински персонал, тим составен од дванаесет лекари и дваесет медицински сестри ќе бидат распоредени во тријажниот центар на Интерно, каде ќе се врши прием на пациенти во ковид одделенијата. На нашите лекари потребна им е поддршка, бидејќи од почетокот на кризата тие неуморно, деноноќно се посветени на ковид пациенти.
Во услови кога целиот медицински персонал е целосно посветен на справување со ковид кризата, секоја помош е повеќе од добредојдена.