Првиот човек на министерството за здравство Венко Филипче на денешната онлајн прескофнеренција рече дека мерката на разлабувавање на полициски час односно повеќе часови слободни на движење е донесена заедно во пакетот со мерката на задолжително носење на маски кое единствено може да донесе резултат.
Тој рече дека ќе побара од владата да ги санкционира граѓаните кои не носат маски бидејќи во спротивно може да има несакан ефект доколку не се почитуваат мерките донесени во таа насока.
Ќе анализираме овие денови. Ние веќе утре ќе побараме од Владата казнување да почне порано уште на почеток на неделава, не од 1-ви мај како што иницијално наведовме. Зашто?
Заради тоа што навистина се плашиме дека може да има несакан ефект сето тоа ако не се почитуваат мерките во таа насока, рече Филипче.
Ќе анализираме какво ќе биде однесувањето на граѓаните деновиве, дали се почитуваат тие мерки за задолжителна дистанца, носење на маските кога не може да се одржи и врз основа на тоа ќе донесеме одлука како ќе биде организиран следниот викенд, истакна тој.