fbpx
13.8 C
Skopje

Весна Драгојевиќ ги раскажа последните денови на Оливер

АКТУЕЛНО

Смртта на Оливер Драгојевиќ ги натажи сите негови фанови од регионот , но најмногу семејството , кое заедно со него цела година се бореа со туморот на белите дробови.

Неговата сопруга Весна , по еден месец од смртта на Оливер раскажува за најтешките моменти пред смртта.

,,Никој никогаш нешто не рекол па потоа да почине. Човек се гаси. Ете така е. Не постои простување . Последните три четири дена тој не зборуваше , само спиеше. Беше оптимист до крај. По цели денови бевме со него во болница. Му правев ручек и му давав да јаде. Тоа е се што можев да направам.

Му пуштавме песни кои сакаше да ги слуша. Се однесувавме како ништо да нема да се случи. Беше понекогаш малку подобро , па малку полошо. Не му зборувавме – сега е готово . За што да се зборува? Ние сме сложно семејство , нема кавги меѓу нас. Не остави без никакви долгови и скандали, се ни е во ред.Беше мирен. Знае дека ние сме добро.” , раскажа Весна Драгојевиќ за хрватскиот 24 часа.

Оливер ја загуби битката по една година борба со тумор на белите дробови.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -