fbpx
21.8 C
Skopje

Вестбрук ја доби битката, Харден и Хјусон војната

АКТУЕЛНО

Во дербито на ноќта во НБА, тимот на Хјусон беше подобар од Оклахома со 118:116, во натпревар каде Расел Вестрбук ја доби битката за повеќе поени од Харден, но мораше да се помири со пораз на својот тим.

Вестбрук на оваа средба постигна 49 поени, додека во спротивниот табор Џејмс Харден имаше „дабл-дабл“ учинок од 26 поени и 12 асистенции, на кои додаде и 8 скокови.

Луда завршница одиграа Детроит и Шарлот, а домаќиниот на крајот победи со 115:114. На неполна секунда до крајот и топка од страна, гостинскиот играч Белинели се обиде да си асистира од противничкиот играч, дури и погоди, но задоцни за дел од стотинката.

Индијана на домашен терен немаше проблеми победувајќи го Бруклин со 121:109, најефикасен беше Пол Џорџ со 26 поени, еден помалку од него имаше Тарнер.

Торонто ја оправда фаворитската улога над Јута славејќи со 101:93, додека Атланта беше подобра на гостувањето кај Њу Орлеанс со 94:99. Феникс победи на гостувањето кај Далас со 95:102.

И Сан Антонио продолжува да реди победи, откако беа убедливи на гостувањето кај Денвер со 99:127. Во последниот натпревар од ноќта, Портланд пред своите гледачи го совлада ЛА Лејкерс со 118:109.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -