fbpx
20.8 C
Skopje

Вежбата “Чувар на сабјата“ на НАТО во Бугарија

АКТУЕЛНО

Главните воени вежби на НАТО во Источна Европа, почнаа денеска во Бугарија со учество на 25.000 војници од повеќе од 20 земји членки на Алијансата и партнерски држави.

Вежбата под име „Чувар на сабјата“, предводени од американската армија, ќе трае до 20 јули, а ќе се одвива и во Унгарија и Романија и во воздухипловните бази на Црното Море.

Церемонијата на отворањето на настанот се одржа во бугарското место Ново Село, каде се наоѓа воен камп, а за време на траењето на маневрите ќе се одржат вкупно 18 воени вежби.

Целта на вежбата е зголемување на интероперабилноста на земји учеснички, како и демонстрација на одлучноста и подготвеноста на земјите членки на НАТО да ја зачуваат безбедноста и стабилноста во регионот на црноморскиот регион.

Вежбата „Чувар на сабјата“ се одржува еднаш годишно од 2013 година. На годинешните вежби улествува и единица на Армијата на Република Македонија (АРМ).

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -