fbpx
26.8 C
Skopje

ВИ НЕДОСТАСУВА ЛИ: Како Бранко го торпедираше Груевски (ВИДЕО)

АКТУЕЛНО

Имаше едно време кога во Република Македонија граѓаните на нашата држава имаа прилика да следат неверојатни тв дуели, дебати и дискусии, но и политички говори за време на политички кампањи особено пред избори.

Денес кога од Скопје доаѓав за Велес, по автопат пребројав повеќе од 20 билборди. Гледам Никола Груевски и до него, мене ме ставиле. Ама Никола висок крупен, строен, џин. А јас, ситен така, метро дваесет, метро дваесет и два, никаков, ех Никола Никола, само со фотомонтажа можеш да бидеш поголем од Бранко, е еден од веројатно најинтересните говори на поранешниот претседател на Македонија Бранко Црвенковски.


Меѓутоа, екс лидерот на СДСМ е познат и по неговиот говор кога упати порака до Амди Бајрам која гласеше: Ако некој од вас утре го сретне Амди Бајрам, да му пријде, да му каже, сношти тука во Шутка беше Бранко и многу те поздрави, слушна дека си сакал пак да му дадеш гол со пета, ти порача: Амди бери памет, секогаш кога сакаш да дадеш гол со пета, добиваш гол со глава. Немој после да испадне после играчка, плачка.

 

Во еден друг негов говор на централен митинг на тогашната опозициска СДСМ Бранко Црвенковски од пред влада рече: Животната желба на Никола Груевски му била да стане Бранко Црвенковски. Можеби човекот стварно сакал, ама желбите се едно, а можностите сосема друго. Еве му ја шансата, имаш прилика да ти се исполни сонот, да застанеш рамо до рамо со мене, откажи се од власта, ајде јас и ти заедно да ја спасиме Македонија.

 


Каков ли боксер бил Груевски, го фрли пешкирот уште пред да влезе во рингот. Ајде јас сум бил извалкан, а зашто пред три години го одби ТВ дуелот со Радмила Шекеринска. Дека е жена? Не сака со мене, не сака со жена, со што сака тој.

Црвенковски имаше и говор по повод рекламниот спот за стечајците во кој еден човек објаснува дека токму во периодот кога останал на улица, без работа, се разведол од сопругата, по што тој му одговори: Денеска фатив еден спот на телевизија, нашле некој грев таму, и вели – заради Бранко се разведов, а бе човек, оди прашај си ја жена ти, да не бил некој друг во прашање.

 


Овие негови говори ќе останат запаметени во македонската политичка историја како едни од најконтроверзните, а веројатно Бранко како политичка фигура која за едните беше вистински лидер на Социјалдемократскиот Сојуз, но и голем борец за паѓање на Груевски од власт, додека за другите човек кој со транзицијата затвори многу фабрики и остави многу луѓе без работа.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -