19 C
Skopje

Вибер ги прекинува деловните односи со Фејсбук

АКТУЕЛНО

Јанчев со амбиција да го преземе ВМРО-ДПМНЕ- како што вели најмоќната партија во Северна Македонија

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен потпретседател на партијата, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ ги открива своите идни планови...

139 нови случаи на ковид 19, оздравени се 534 пациенти, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-11,...

ОН загрижени поради расизмот и дискриминацијата на Ромите

Специјалниот ополномоштеник на ОН за малцинства предупредува на засилена дискриминација на Ромите во светот во време на корона. Освен тоа, постои и омраза кон...

Една од водечките апликации за размена на пораки и бесплатна комуникација во светот, компанијата „Ракутен Вибер“ соопшти дека ги прекинува сите деловни односи со Фејсбук.

– Злоупотреба на кориснички податоци и  неможноста да се спротиставиме на насилната реторика на Фејсбук, ги преминаа сите мерки, поради што Вибер презема соодветни мерки, како на пример  суспендирање на закупот на рекламен простор и отстранување на сите точки на контакт од неговата платформа за да заштити повеќе од милијарда од нејзините корисници, пишува во соопштението.

Главниот извшен директор на Вибер, Џамел Агауа изјави дека Фејсбук продолжува да ја толкува својата улога на погрешен начин во современиот свет.

Компанијата што се карактеризира со несовесен став кон податоците на корисниците и недостаток на приватност во своите апликации, а сега и шокантен недостаток на неопходни мерки за заштита на јавноста од насилен говор што го загрозува општествениот поредок и мирот. Не дека ние сме толкувачи на вистината, но вистината е дека многу луѓе доживеале непријатности од неограниченото ширење на насилна содржина, а компаниите едноставно треба јасно да се спротивстават на овој феномен, истакна Агауа.

Активностите што ќе резултираат со отстранување на точките за контакт со Фејсбук од апликацијата Вибер, ќе бидат завршени до почетокот на јули 2020 година, додека закупот за рекламен простор на Фејсбук веднаш ќе биде отстранет, пишува во соопштението.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Заев: Го добив мандатот, се подготвувам да бидам премиер 4 години

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како одговор на новинарско прашање изјави дека утрово имал средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети Денеска го добивам мандатот...

Поради Ковид-19 вработените на овие компани ќе работат од дома до 2021 година

Додека коронавирусот се шири низ светот, компаниите се помируваат со состојбата и реалноста кога е во прашање работата и многу од нив ги ревидираат...
- Advertisement -