fbpx
5 C
Skopje

(ВИДЕО) Адил се прости од неговиот колега Денис кој имаше само 38 години: Беше еден од најдобрите гитаристи во ЕКС-ЈУ

АКТУЕЛНО

Естрадата и блиски пријатели денес на социјалните мрежи во неверување се простуваат со музичарот Денис Демиров од Скопје. Тој долги години наназад беше гитарист во групата ,,Газоза бенд” а починал утринава, на свои 38 години.

Според првичните информации кои, Демиров починал дома, во сон. Имал проблеми со шеќерот и висок крвен притисок. Поради неговата прерана смрт, по повод 8-ми Април, Светскиот ден на Ромите, од тимот на Рома Прес информираат дека сите денешни активности, емисии во живо, теренски известувања и планирани дебатни трибини поврзани со одбележувањето на Денот на Ромите ќе бидат одложени за утре.

И познатиот музичар Адил Максутовиќ од Србија се прости од неговиот колега Денис Демиров од Скопје.
,,Почина еден од најдобрите гитаристи од поранешна Југославија… Нашиот сакан Денис… фронтмен на македонскиот бенд Газоза бенд… имаше само 38 години… уште толку можеше да даде на музика… премно

гу рано другар мој…
Нека драги Алах ви ги подари најубавите рајски градини…” – напиша Адил на својот фејсбук профил, а објави и видео од настап на Денис

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -