fbpx
1 C
Skopje

(ВИДЕО) Анѓушев: Малите и средни претпријатија имаат можност да добијат до 70 отсто поврат за инвестициите за нови производи

АКТУЕЛНО

СДСМ: Штип ќе биде во сигурни раце

Штип ќе добие градоначалник со полн легитимитет на целосно безбедни избори за здравјето на граѓаните и за сите учесници во изборниот процес. Штип...

Д-р Сашко Николов: Бесплатни заштитни маски ако победам во Штип

Продоллжуваме со навремена и целосна дезинфекција на сите јавни институции, посебно каде што престојуваат нашите деца. Ќе иницирам да се формира посебен фонд за...

Заев: Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик

Македонскиот народ секогаш бил и ќе биде со поглед напред. Сите премрежја, окупации и блокади беа надминувани и надминати заради желбата за подобро утре...

Јоци до Бранко: Вие сте одамна политички мртви, не ви давам да ја растурите Македонија

Другпат поубаво да ме читате кога ви кажувам предвреме кој е кој и што ќе се случува. Односно, дека ова што го прави ,,БЦ...

Заменик претседателотна Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев се обрати на Тркалезна маса со која се означи започнувањето на „Проектот за зголемување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија со цел подобрување на нивната соработка со странските инвеститори“. Проектот се спроведува од Советот за странски инвеститори во Стопанската комора на Македонија во соработка со Машинскиот факултет во Скопје.

Вицепремиерот Анѓушев истакна дека Владата креираше мерки за поддршка преку кои се овозможува зголемување на соработката помеѓу домашните и странските компании кои работат во Република Македонија, која во моментов е на ниско ниво. Тој подвлече дека за зголемување, освен желбата за соработка, потребно е компаниите да обезбедат квалитет на своите производи и услуги, но и да постои економска логика за да се воспостави повисоко ниво на интеракција.

„Економската логика ќе ја обезбедиме со имплементација на мерките. Во Планот за економски раст креиравме мерка преку која директно ја стимулираме соработката помеѓу странските и домашните компании. Доколку некоја странска компанија изврши набавки за производството во висина од 15% од вкупните набавки од македонски компании, Владата ќе обезбеди директна финансиска поддршка во висина од 1% од вкупно направените набавки на компанијата“, потенцираше вицепремиерот.

Тој подвлече дека мерките од третиот столб на Планот за економски раст, наменети исклучиво за мали и средни претпријатија ќе се спроведуваат преку Програмата за спроведување на Стратегијата за иновации, која ќе се реализира преку Фондот за иновации и технолошки развој, а даваат значителна поддршка на компаниите за зголемување на нивната конкурентност.

„Како никогаш досега се дава поддршка на малите и средни компании. Малите и средните претпријатија, а тоа по дефиниција се компании до 250 вработени, имаат можност да добијат до 70% поддршка од вредноста на направените трошоци за инвестициските проекти за развивање на нови производи. Овие производи би можеле да бидат наменети за некоја поголема компанија со што ги стимулираме компаниите за иновации и ја поттикнуваме меѓусебната соработка помеѓу компаниите. Воедно малите и средни претпријатија имаат можност да добијат и 30% поврат на директни трошоци во инвестициски проекти, со што го поттикнуваме нивниот развој“ потенцираше Анѓушев .

Вицепремиерот Анѓушев додаде дека со новите мерките Република Македонија станува поконкурентна земја за инвеститорите и дека фокусот во привлекување на нови странски странски инвестиции ќе биде ставен на компании кои имаат готов производ, имаат можности да носат побрзи одлуки при избор на добавувачи, со што би се зголемила соработката со домашните производители.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

СДСМ: Штип ќе биде во сигурни раце

Штип ќе добие градоначалник со полн легитимитет на целосно безбедни избори за здравјето на граѓаните и за сите учесници во изборниот процес. Штип...

Многу солзи и емоции за легендата: Ќерката на Марадона плачеше на “Ла Бомбонера” кога играчите на Бока прославија гол пред неа

Бока јуниорс синоќа го победи Њувелс Олд Бојс со 2-0, се беше во знакот на Диего Марадина, а неговата ќерка Далма во живо го...

Вистинската љубов е над човечkите поделби и спротиставености

Епископ Партениј, Игумен Бигорски Во Стариот Завет, браќа, читаме како, кога како, кога Каин од завист го убил брата си Авел, Господ го запрашал каде...

Стојанче му свари кафе на Апасиев: Ќе слушаме убава, стара македонска музика со интересен текст

Во тек е процесот на подготовка на турско кафе за народниот пратеник, професорот Апасиев. Без шеќер со тоа што сигурно ќе преврие додека пишувам. Со кафето...

Еве какво време не очекува: Доаѓа снегот

Времето во земјава ќе биде умерено до значително облачно, претежно од попладне со повремен локален дожд. На планините во северозападните делови врнежите ќе бидат...
- Advertisement -