fbpx
16 C
Skopje

(Видео) Апасиев го прашува премиерот Заев дали има намера да ги намали цените на приватните болници

АКТУЕЛНО

Пратеникот и претседател на партијата Левица, Димитар Апасиев, на последната седница на Собранието, постави две прашања до премиерот Зоран Заев, а едното од нив беше поврзано со цените на приватните клиники.

,,2.300 евра по ден е лекувањето за плата 300-400 евра, тоа е невозможно луѓето да си го дозволат. И има еден вид на класна дискриминација, затоа што на обичните луѓе, тие здравствени услуги им се недостапни.
Е сега би логицирал од аспект на тоа што вие помпезно го најавивте, т.е. Министерот Филипче, меѓутоа не се реализира, проектот за Мала Богородица, која требаше да биде во некој облик на некое јавно – приватно партнерство.
Според информациите, вие тогаш договоривте сума по 100 евра на ден, односно Владата да плаќа сума по 100 евра на ден. Според законите кои ги наведов, дали тоа значи дека, во тој случај Владата партиципира со 1/3 од цената. Дали тоа значи дека, реалниот трошок на приватните болници е 300 евра по ден, а тие наплаќаат 2.300 евра по ден?

И дали, ако тоа го прават, вие како Влада, не чувствувате потреба да воведете систем на регулирани максимални цени? ” праша меѓу другото Апасиев.
Целосното видео од неговото обраќање до премиерот Заев може да го погледнете овде

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -