Втора шанса во животот ѝ даде хуманста на Полјачката Јустина од беровско Русиново. По болничкиот третман и клиничките испитувања што беше гест на хуманост од болницата на д-р Жан Митрев , Јустина празниците ги помина дома со својот сопруг.
Беровската снаа од Полска, освежена, во друштво на својот сопруг ја дочека новата донација од болницата „Филип Втори“, во храна, облека, хигиенски средства.
„Во чест на роденденот на д-р Жан Митрев ви донесовме донација од храна, облека, лекови за да понатаму ова да ви биде поттик за да продолжите со животот“, изјави Ирена Николова, Специјална болница Филип Втори – по повод роденденот на д-р Жан Митрев.
Сопругот на Јустина, Славчо Мадевски од Берово, му го честиташе роденденот на д-р Жан Митрев, со желби за здравје, но и благодарност за неговата хуманост.
Од специјалната болница „Филип Втори“ информираат дека Јустина која на крајот од минатата година беше прифатена на лекување во болницата “Филип Втори“, продолжи да биде мисија на д-р Жан Митрев и неговиот тим и по завршувањето на хоспитализацијата. За време на медицинското испитување и хоспитализација било констатирано дека Јустина имала мозочни засегања, како и почетна фаза на деменција, иако е некарактеристично за нејзината 45-годишна возраст.
Извор: Тв Стар