fbpx
26.8 C
Skopje

ВИДЕО: Дали е можно – видовитиот Бранко го предвиде точниот датум кога Груевски ќе заврши во затвор

АКТУЕЛНО

Поранешниот премиер и претседател на Македонија, Бранко Црвенковски на 24. декември пред Собрание зборуваше за ситуацијата која се случуваше во тој момент, кога пратениците на опозицијата беа насилно исфрлени од Собранието.

„Од денес Груевски реши, а Македонија го доби својот Милошевиќ. Беа тепани новинари, беа тепани пратеници, беше тепан народ. Денеска, по теркот на тој сатрап од Србија, го накушка народот еден против друг, да предизвика крвопролевање. Епа Груевски, ако сакаш да бидеш Милошевиќ – ќе си го добиеш својот 5. октомври“, порача Бранко Црвенковски од пред Собранието.

Судбината сакаше по дури шест години, токму на 5. октомври, екс премиерот Никола Груевски да биде осуден на две години затвор, односно Апелација ја потврди одлуката на Основниот суд.

Веројатно е дека Груевски ќе ја обжали одлуката и до Врховен суд, но многумина очекуваат дека во следните неколку денови тој ќе биде приведен односно затворен во затворот Идризово.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -