fbpx
12.8 C
Skopje

ВИДЕО: Давид Бабунски асистираше, Јокохама ремизираше

АКТУЕЛНО

Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски повторно беше еден од најдобрите поединци во редовите на Јокохама, но неговиот тим одигра само 1:1 против Албирекс Нигата.

Домашниот тим дојде во предност во 33. минута од средбата со голот на Мартинус по асистенција на нашиот Бабунски. Сепак, пред паузата гостите со голот на Рони изедначија на 1:1 што подоцна се покажа и како конечен резултат.

Бабунски на теренот го помина целиот натпревар, но и покрај тоа неговата Јокохама не успеа да дојде до третата победа, забележувајќи го првото реми во рамки од четвртото коло во јапонското првенство.

Екс-играчот на Барселона и Црвена Звезда е најдобар стрелец во својот тим со два постигнати голови, исто толку има и Виеира.

https://twitter.com/klose_1102/status/842973962610982912

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -