fbpx
17.8 C
Skopje

ВИДЕО: Директор на прилепска гимназија ги тера на протест, ученичка му возвраќа: Срамота е да ни држите политички говор

АКТУЕЛНО

Директорот на прилепската гимназија Мирче Ацев, Кирил Николоски, со политички говор ги убедува учениците да излезат на протестот „За заедничка Македонија“,но во меѓувреме тие го снимаат и ставаат неговиот говор на социјалните мрежи.

Крајниот стадиум на лудилото? Дали е тој истиот директор кој мене ми држеше предавање дека вујкото на Блаже Конески бил четник и го нарече благо предавник како и неговиот партиски колега Антонио Милошоски, кој Конески го нарече "џуџето од Небрегово"?Директоре, ослободувањето од часови за партиски собири на малолетни лица е КРИВИЧНО ДЕЛО, а исто така и заканата кон Професорите да ги ослободуваат децата од настава. На нас социјалдемократите Македонија ни е исто толку татковина колку и вас, и вие не сте патриоти, туку заштитници на криминал кој е направен во предходниве 10 години од гарнитурата на чело со вашиот бивши премиер. И да знаете, вие што се обидувате да го штитите кримналот со вакви дела кој сносуваат кривична одговорност, И ВИЕ ЧЕ СИ ЛЕЖИТЕ И ПЛАТИТЕ!Драги професори кој се спротиставувате на овие партиски полтрони, издржете уште малку затоа што нивниот крај се гледа, тука е! Уште малку и цел образовен систем ќе биде реформиран. Сите партиски послушници и бранители на овој криминал че се повлечат, че разберат дека биле на погрешна страна и повторно ќе се гради едни опшество за сите подеднакво, без насилство, без национализам, туку со разум и знаење.А господине директоре, знамето, химната, јазикот НИКОЈ НЕМОЖИ ДА ГИ СМЕНИ, а ако некој сака тоа да го направи треба и 2/3 мнозинство во парламентото ако не знаевте, така само можи да се смени законот, а тоа биди сигурен дека СДСМ нема да го дозволи.А да, директоре ко че се вратам Прилеп би ми било драго едно кафе в гимназија да се напиеме, со мала дискусија околу овие протести и протестите против екстерното тестирање.ПС: на Девојкиве-херои им спуштам капа!ЧЕ СИ ЛЕЖИТЕ!!!!

Posted by Darko Gjorgjioski on Wednesday, March 15, 2017

Директорот со својот говор кон учениците ги убедува да се активираат во протестите зошто ќе се воведела двојазичност, менување на химна, менување на знамето и воведување албански монети.

Во еден момент една ученичка му возвраќа на директорот: Директоре уште поголема срамота е во образовна институција да ни држите политички говори! Тие велат дека не сакаат да одат на протестот туку да се одржи наставата.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -