fbpx
39.8 C
Skopje

ВИДЕО: Ед Ширан со спот за песната „Castle on the hill“

АКТУЕЛНО

Познатиот пејаџ Ед Ширан неодамна објави две нови песни, „Shape of You“ и „Castle on the hill“, а вчера на официјалниот „Јутјуб“ канал се појави и видео спот за песната „Castle on the hill“.

Во видео записот се гледаат авантурите на пејачот, кој заедно со своите пријатели во тинејџерските години го има првиот бакнеж. Најголемиот дел од видеото е снимено во неговото родно место Фрамлингам.

Режисер на спотот е Џорџ Белфилд. Интересно е тоа што сите актери во видеото всушност биле дел од неговото средно училиште, на сега веќе 25-годишниот пејач.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -