fbpx
6.8 C
Skopje

ВИДЕО: Георгиевски предвиде – за 10 години Македонија, албанска држава?

АКТУЕЛНО

Поранешниот премиер на Република Македонија, а сегашен лидер на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски секогаш важел за контроверзен политичар, препознатлив по своите ставови кои во јавноста предизвикуваат лавина од реакции кај домашната и меѓународната сцена.

Иако често критикуван, претседателот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски често во изминатите години излегуваше со ставови, кои беа болни за увото на обичниот граѓанин, иако многу пати се покажаа како точни.

Георгиевски во 2013 година во интервју за Бугарскиот весник „Преса“ зборувајќи за демографијата на Република Македонија предупреди дека тој, кој сака да гледа стратешки на Балканот, треба да го има предвид фактот дека во 2020 година ќе треба да ја третира Македонија како четврта муслиманска држава на овие простори, додавајќи дека дотогаш проблемот ќе биде на Македонците, а потоа ќе стане балкански, но и европски проблем.

Тој беше познат како поборник на на идејата за создавање на етнички чисти држави на Балканот, иако во тогашното интервју рече дека сепак се откажал од таквата идеја. Ова не е единственото предупредување на Георгиевски за формирање на „голема Албанија“. Тој во 2007 година во колумна објавена во неделникот „Фокус“ прогнозира дека Македонија ќе стане трета Албанска држава како резултат на независноста на Косово. Овие негови тези, Георгиевски ги потврди повеќепати во јавноста и за истите доби остри и жестоки критики, особено од домашната јавност.

Во 2012 во интервју со македонскиот новинар Васко Ефтов, Георгиевски го повтори својот став. Запрашан дали не мисли дека е некоректен за сите неправди кон Македонците да ги обвинува Албанците, тој рече: „Не, напротив, јас многу ги ценам Албанците, бидејќи тие знаат што сакаат, а тоа е голема Албанија“, нагласувајќи дека тие кога, тогаш повторно ќе излезат со нови и уште пожестоки барања од оние во 2001 година. Ако се земат предвид сите овие предвидувања или предупредувања на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, се поставува прашањето дали преку платформата на албанските политички партии навистина се бараат права за кои како што велат самите тие, ги заслужуваат или им се загрозени, или зад сето ова стои поголема политичка игра на Република Албанија кон Македонија и на Балканот.

Во продолжение следува компилација од интервјуата на Георгиевски во кои тој укажувал на тоа што всушност ќе се случува со Република Македонија во иднина, односно во сегашноста.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -