fbpx
3 C
Skopje

(ВИДЕО) Ѓорчев: Ова беа најнерегуларните и најнедемократските избори во историјата на Македонија

АКТУЕЛНО

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Во последните 24 часа: 764 тестирања, регистрирани 100 нови случаи

Во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 47, Куманово 3, Дебар 12, Штип...

Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција рече дека Македонија вчера ги имала најнерегуларните и најнедемократските избори во историјата.

– Никогаш последниве 27 години немало понасилни избори и немало избори со повеќе поткуп, насилство и нерегуларности. Забележани се и документирани огромен број на нерегуларности, индиции за поткуп, закани и уцени вклучувајќи уцени и од полициски службеници. Уште од рано изутрина беше прекршен изборниот молк, а постојат и сериозни сомневања дека е извршено полнење на кутиите со методот на т.н. бугарски воз во повеќе општини низ државата. ВМРО-ДПМНЕ до меѓународните претставници до ОБСЕ и ОДИХР достави видео и фото материјали за голем број од забележаните изборни нерегуларности поточно станува збор за изборни криминали, рече Ѓорчев.

Тој кажа дека медиумите вчера објавиле снимка од која што се гледа како активист од СДСМ од Штип дава поткуп на граѓанин.

– По оваа снимка МВР и државните институции на СДС не реагираа и го премолчеа очигледниот поткуп. Целата полиција, беше ставена на располагање на СДС, полициски припадници блиски до СДС физички им се закануваа на граѓаните за кои знаат дека не се гласачи на СДС им забрануваа да излегуваат од својот дом. На луѓето им беше забранувано во 2017-та година да излезат од дома. Од општина Бутел имаме видео снимка како припадник на полицијата се заканува на граѓанин во неговиот двор, дома со закана дека не смее да излезе. Дома сакаат да ги тепаат луѓето, дома. На куќен двор, припадник на МВР се заканува на човек што има 60,65,70 години и му вика не искачај од дома. Што му фали на припадникот на МВР ништо. Кога тој се однесува вака, почитувани присутни, во сред Скопје пред камера, можете да замислите што се случува по помалите градови, што се случува по помалите улици, што се случува во селата и по населбите каде што нема камера. Дома им се закануваат на луѓето дека ќе ги тепаат, здрав прав човек од 35,40 години се заканува на човек што има 60,65,70 години дека дома ќе го тепа и него и син му. Што му фали, ништо, последици никакви, рече Ѓорчев.

Како што кажа тој вака фунционирало МВР насекаде низ државата и полициските службеници така се заканувале на граѓаните со цел да не излезат да гласаат.

– Во Визбегово, во истата општина Бутел со фотографија е документирано делењето на зејтин, шеќер и други материјали до граѓаните од страна на локален лидер на СДС за време на изборниот молк и изборниот ден. Значи зборуваме за носење на товари материјали зејтин, шеќер и други материјали од страна на локален лидер на СДС документирано со фотографија и никому ништо. Пријавено реакција нема. Почитувани присутни, вчера видовме и што значи за вработените во државната и јавната администрација кога СДС е на власт, во аудио снимка објавена во медиумите слушнавме како таткото на кандидатот за градоначалник на СДС се заканува дека во еден ден можат да бидат отпуштени над 1.100 луѓе од Драчево од работа само ако не гласаат за СДС, рече Ѓорчев.

Тој додаде дека тоа е доказ за притисокот вршен врз јавната администрација со цел истите да не гласаат по сопствено убедување.

– Почитувани присутни, во текот на целиот вчерашен ден беше вршен систематски психолошки притисок врз граѓаните со цел втерување на страв за да не излезат и да не гласаат. На само три часа пред затворањето на гласачките места беа искршени над 40 надгробни плочи на православните гробишта во село Брњарци, општина Гази Баба. Уште еднаш над 40 надгробни плочи на православните гробишта во село Брњарци, општина Гази Баба. Сликите се загрижувачки и многу зборуваат за оваа власт. Забележан е и спречен обид за бугарски воз во Чаир, а информации за извршен бугарски воз имаме од повеќе места. Полициските припадници рамо до рамо со партиските активисти на СДС вршеа притисок и во Македонска Каменица, во Новаци, во Могила, во Кавадарци, во Штип и во сите општини каде имаше втор круг. Во Могила и Новаци, почитувани присутни, им беше кажувано на луѓе на кои што се мислеше дека нема да гласаат за СДС, не излегувајте на гласање, од понеделник не доаѓајте на работа. Ако било кој од вашето семејство излезе на гласање не доаѓајте во понеделник на работа. Тоа им беше кажувано на луѓе вработени во „Река“. Могила и Новаци, општини во кои што секогаш победувало ВМРО-ДПМНЕ, општини во кои што водеше ВМРО-ДПМНЕ, вели Ѓорчев.

Според него, ова се само мал дел од нерегуларностите и изборниот криминал кој бил извршен во текот на вчерашниот ден, а сите овие информации биле проследени и до меѓународните набљудувачи ОБСЕ и ОДИХР.

– Демократијата и правната држава вчера беа погребани во Република Македонија, СДС покажа дека нема намера да спроведува фер и демократски избори и дека сака целосна контрола врз институциите за целосен и тотален притисок врз граѓаните. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ излезе и излегува со 7 барања кои сметаме дека се неопходен предуслов за враќање на демократијата и владеењето на правата во државата, вели Ѓорчев.

1. Организирање на предвремени парламентарни избори согласно Пржинскиот модел кои ќе бидат спроведени од техничка Влада, на ист начин како што беа организирани парламентарните избори на 11-ти декември 2016 година.
2. Итна смена на директорот на Агенцијата за аудиовизуелни и медиумски услуги, и избор на директор на оваа значајна институција по предлог на опозицијата.
3. Оставка и разрешување на претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, враќање на старото законско решение во време на влада на ВМРО-ДПМНЕ кога претседателот на ДИК беше од редовите на СДС, од редовите на опозицијата. Сега истото решение за кое што ВМРО-ДПМНЕ имаше демократски капацитет нека го спроведе и оваа влада што носи „демократија, живот и слобода“. Нека го дадат истото она што беше пред 5 години. Бидејќи под плаштот на т.н. независен експерт всушност инсталираше личност која што не работеше правично и чесно туку по инструкции на друг.
4. Итна истрага и вештачење со учество на ВМРО-ДПМНЕ на уредите за прислушкување на УБК, заради основано сомнение дека полицијата врши прислушкување на најмалку 100 лица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
5. Итно и без пролонгирање завршување на судењето за случајот „Поткуп“, во кој Заев на очиглед на целата јавност бара мито во висина од 200 илјади евра.
6. Основање на специјално јавно обвинителство кое ќе има ингеренции за расчистување со изборните нерегуларности од изборите во 2016-та година и изборите во 2017-та година, како и на злоупотребата на целокупниот државен апарат во изборни цели за овие избори.
7. Ослободување на лицата кои се во притвор и прекинување на процесите против граѓаните за случувањата на 27-ми април 2017 година.

– Демократијата ќе се врати, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, ВМРО е константа која трае 124 години и во добро и во лошо, ќе победи Република Македонија. Тогаш овие прекршители на законите, сите оние кои што им се закануваа и ги заплашуваа граѓаните дека ќе ги тепаат во нивните дворови, во нивните домови ќе одговараат согласно законите, заврши Ѓорчев.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Со крстот в рака, фаќачот влезе во Охридското Езеро заедно со голем број верници

Крстот во населбата Варош се фрлаше во казан, а него го фати Никола Чорбе. Тој потоа со крстот во раката влезе во езеротo, а...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Штотуkу споделија медиумите: Најнова вест СИЛЕН земјотрес од 6,8 степени според Рихтер ја погоди Аргентина

Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала доцна синоќа ја погоди провинцијата Сан Хуан во Аргентина, соопшти германскиот центар за истражување и...

Се огласи Вучиќ за ваkцините кои ни ги даваат: Што би вредело ако ние сме здрави, а тие болни

Српскиот претседател Александар Вучиќ, утрово го коментираше давањето на вакцини на Македонија. На новинарско прашање зошто го сторил тоа, Вучиќ одговори „Што би вредело ако...

Порасна без родители, болеста го сруши: Тажниот живот на ѕвездата од Жиkина династија

Легендарниот актер Драгомир Бојаниќ Гидра најпознат по улогата на Жика Павловиќ од „Жикина Династија“, односно од филмскиот серијал „Луди Години“, има навистина интересна животна...
- Advertisement -