fbpx
18.8 C
Skopje

(ВИДЕО) Ѓорѓиев со поддршка за лицата со посебни потреби: Ти мораш да се избориш!

АКТУЕЛНО

Веќе четири години сум во инвалидска количка откако ми се случи сообраќајна несреќа како сопатник во возило. Животот е прекрасен, толку е многу убав што не смееме да загубиме надеж никогаш да го живееме. Јас кога бев здрав, чувствував како кога се движам дека земјата како да се тресе под мене. Сега, чувствувам дека кога се движам земјата пука под мене. Сакам да ви кажам дека сепак е многу тешко кога од здрав човек ќе падне во количка. Тоа ми се случи на мене. Не можев едноставно да се помирам со судбината се додека еден ден не ми дојде на посета мојот драг другар, генералот Стојанче Ангелов.

Генералот Стојанче Ангелов ми рече: Бажо ако го срушиле твојот СВЕТ направи нов свет и продолжи да бидеш БОРЕЦ со…

Posted by Blagojco Brloko Gorgiev on Sunday, June 11, 2017

Тој дојде и ме седна во количката и рече: Благој ајде да излеземе надвор, да се прошетаме. Бев толку депримиран што не ми се правеше мубает. Шетавме во државна болница, во паркчето. Тој ми рече: Благој, ти си човек борец. Многупати се имаш борено со животот во ринг. Зошто сега бегаш од твојата борба? Дали мислиш дека треба да седиш во публика или треба да скокнеш во рингот и да се избориш со твојот живот? Во тој момент тој ми ја покажа неговата рана што ја здоби и ми рече: Добро, ме знаеш и добро знаеш од што е раната. Знаеш дека немам една третина од белодробно крило но јас вешто го прикривам својот инвалидитет и гледаш дека и покрај тоа што си 130 кила воле едно, јас те бутам тебе во количка. Од тој момент тој ме погледна и ми рече: Ти мораш да се избориш. Јас почнав да се борам. Почнав секојдневно да вежбам.

Секое нешто на планетата има добра и лоша страна. Немора ние да ја избереме лошата страна и да се повлечеме во себе. Можеме да ја избереме добрата страна. Инвалидитетот наш можеме да го сфатиме како посебни луѓе, со посебна дарба што имаат волја да им помагаат на другите луѓе. Сите кога ќе видат колку сме храбри оние кои седиме во количка, секој еден што стои на нозе ќе ни се приклучи и ќе биде на наша страна, вели Благојчо Ѓорѓиев во своето обраќање.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -