fbpx
36.8 C
Skopje

ВИДЕО: Грозоморни сцени во Ла Коруња – Торес остана без свест, итно префрлен во болница

АКТУЕЛНО

Тимот на Атлетико Мадрид ремизираше на гостувањето кај Депортиво Ла Коруња со 1:1, но она што ги загрижи фудбалските фанови е опасниот пад на Фернандо Торес.

Напаѓачот на „јорганџиите“ по еден воздушен дуел, лошо падна на глава, по што беше јасно дека станува збор за опасна повреда, особено откако Торес воопшто не реагираше.

Дел од фудбалерите беа целосно шокирани, но имаше и такви кои реагираа присебно, па му помогнаа на Торес додека пристигнаа лекарските екипи.

Според првичните информации, Торес ќе биде задржан во Ла Коруња, каде во текот на ноќта ќе биде под третман од лекарите, по што утре ќе се знае многу повеќе за неговата состојба.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -