fbpx
6.8 C
Skopje

ВИДЕО: Груевски замина во Турција

АКТУЕЛНО

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска, кога треба да се избира нов претседател на Собранието, ја напуштил Македонија и заминал во Турција.

Како што објавија од емисијата 360 степени на нивниот Фејсбук профил, го снимиле Груевски по слетувањето на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул.

360˚ Груевски претпладнето замина од Македонија

360˚ Груевски претпладнето замина од Македонија.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска кога треба да се избира нов претседател на Собранието, не е во Македонија. Со лет на „Туркиш Ерланјс“, Груевски денеска претпладне замина од Скопје за Истанбул. Екипа на емисијата „360 Степени“ го сними Груевски по слетувањето на аеродромот „Ататурк“ близу Истанбул. Освен лице од протоколот и членови на обезбедувањето, со Груевски нема други познати членови на партијата или на семејството. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Истанбул го пречека амбасадорот на РМ во Турција, Звонко Муцунски, чие седиште инаку е во Анкара. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Груевски со партиска делегација од денеска ќе присуствува на конгрес на Европската народна партија (ЕПП), кој се одржува на Малта. На официјалната интернет-страница на ЕПП може да се прочита дека конгресот на Малта почнува в среда, 29 март 2017 година.

Posted by 360 stepeni on Monday, March 27, 2017

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -