fbpx
4.8 C
Skopje

ВИДЕО: Иван сликаше презгодна „плавуша“ на плажа, а потоа се слушна гласот на неговата жена и настана хит снимка

АКТУЕЛНО

Снимките и фотографиите од летните одмори се нешто што најчесто ги гледавме на социјалните мрежи во изминатите неколку месеци.

За разлика од оние што ги забележавме како спомен од летото 2021 година, сосема случајно, постојат вирални снимки што го насмеаа целиот регион. Токму таква е оваа, во која главна улога има извесен Иван.

Сигурно сте виделе неколку пати како сопрузите ги фотографираат своите сопруги на жешкиот песок во различни пози за време на нивниот одмор. Видео од плажа што кружи на Интернет деновиве покажува како маж фотографира жена како позира лежејќи во минијатирен костим за капење.

Сето тоа од пристојна дистанца го сними Иван, но фотографираше туѓа жена, додека очигледно – неговата седеше зад неговиот грб.
Во еден момент се слуша прашањето: “Иван, што правиш?”

Иако овој потег на Иван во никој случај не може да се смета за џентлменски, на Твитерџиите не им пречеше слатко да се насмеат и едногласно да се согласат дека на Иван „црно му се пишува“ кога ќе се врати дома.

Судејќи според коментарите, се чини дека Иван „ни крив ни должен“ заслужено ќе ја земе титулата „вирал“ на годината од годинешниот летен одмор.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -