fbpx
18 C
Skopje

ВИДЕО: Јусеин Болт има конкуренција и тоа 12-годишно девојче!

АКТУЕЛНО

Во последните 10-тина години, синоним за атлетика е неверојатниот Јусеин Болт кој успеа да ги собори рекордите на делниците од 100 и 200 метри, но ако доминацијата на Јамајканецот е нешто на што фановите на овој спорт се навикнаа кога е во прашање машката конкуренција, сега едно видео од последниот митинг на националниот шампионат на Карибите ни најави можна сензација во жеснка конкуренција во наредните години.

Младата Брајана Листон доби планетарна популарност во изминатите неколку часа, а причина за тоа е нестварниот резултат кој го остварила на 200 метри и светскиот рекорд кој го поставила на оваа делница во своја конкурернција.

Дванаесетгодишната Брајана веднаш го доби епитетот идна светска и олимписка шампионка од страна на угелдните светски медиуми, а причина за тоа е рекордот од 23 секунди и 73 стотинки кој го поставила во финалната трка, оставајќи ја зад себе својата главна ривалка за речиси една секунда.

Ова е навистина страшен резултат ако се земе во предвид дека Листон има само 12 години и допрва треба да напредува за неколку секунди во нареднит години, а тоа значи дека експресно ќе биде доведен во прашање женски рекорд на оваа делница поставен во 1988 година на Олимписките игри од страна на Флоренс Грифит (21.34).

Одредени аналитичари во атлетиката прогнозираат дека ако Брајана го има потребниот напредок може дури да се доближи и апсолутниот рекорд на 200 метри кој е во сопственост на невеорјатниот Јусеин Болт кој во 2009 година ја претрча втората најкратка делница за 19 секунди и 19 стотинки.

https://youtu.be/F-oKnIqo8AU

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -