fbpx
11.8 C
Skopje

ВИДЕО: Ќе гори ли Балканот – српската војска ставена во состојба на највисока борбена готовност

АКТУЕЛНО

Неколку десетици косовски специјалци утрината упаднале во Центарот за екологија и развој на спортот во Зубин поток на Косово и го зазеле вештачкото езеро и хидроцентралата Газивода, објави српската национална телевизија РТС.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ нареди ставање на комплетната војска на Србија во состојба на највисока борбена готовност, потврди за Танјуг кабинетот на српскиот претседател, кој е и врховен командант на српската војска.. Во исто време, српскиот Министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ кажа дека српската полиција е во состојба на највисока готовност..

Како што јавува дописникот на РТС, неколку десетици вооружени специјалци упаднале во објектот на Газиводе, а според некои тврдења, упадот бил извршен и од копно и од езерото… Центарот за екологија и развој на спортот беше отворен неодамна, каде што повеќемината вработени се од српска националност.

Попладнево информацијата за упад на специјалците и за апсење на Србите е демантирана од српските власти. Станувало збор за обезбедувањето на Хашим Тачи, кој бил во посета на хидросистемот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -