fbpx
6.8 C
Skopje

Видео кое нема да ве остави рамнодушни: Застани жено малку…ништо не мораш. Сосема е вo рeд ако не зготвиш ручеk

АКТУЕЛНО

Застани жено малку… Одмори… Ништо не мораш, ништо не треба – вака почнува видеото кое се споделува на социјалните мрежи, а кое предизвика многу реакции.

,,Утре да те нема, повторно сè ќе тече, сè ќе се случува и без тебе.
Ќе им недостасуваш на најблиските некое време.. но целото тоа требање и морање ќе се одвива и без тебе.
Не си наметнувај на себе повеќе, отколку што можеш да издржиш. Бидејќи не си магаре. Жена си.

Сосема е во ред што денес не зготви ручек и не стигна да насечкаш салата, да ја одмрзнеш сармата која стои во длабоко уште од јануари.
Нема да им испарат сите витамини за само еден ден.

Нека, остави ја и прашината. Слушам пеглаш пешкири и чорапи. Запрашај се само, дали животот е замислен за да го поминеш во пеглање? Мора да има и подобри начини.
Свари си кафе и конечно читај ја книгата која ја купи за денот кога ќе имаш малку слободно време.

Бидејќи, да ти кажам една тајна… Никогаш нема да имаш доволно време. Немаме ние време, туку времено нè има нас.
Затоа, ослободи си минута за себе, па и неколку часа и денови.

Одмори ја душата и биди сами ти. Пробај барем малку да не бидеш ни жена, ни мајка, ни кралица. Твојата штитна жлезда ќе ти биде благодарна!
Одмораш ли доволно?
Одморете. Животот продолжува и после Вас.
Времето нема да застане заради тебе и мене.”
Видеото може да го погледнете на следниот линк

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -