fbpx
6.8 C
Skopje

ВИДЕО: Koгa Груeвски сo Љубчo ќе се пoздрaвeшe, три дeнa рaцe нe миеше

АКТУЕЛНО

Можен раскол меѓу неколкуте партиски крила може да предизвика најновата промена во највисокото раководство на владејачката партија. По долги години во врвот на СДСМ, од раководните позиции се повлекува заменик претседателката Радмила Шекеринска, која долги години беше прв соработник на Заев, но и на поранешниот партиски шеф Бранко Црвенковски, а своевремено беше и лидер на партијата. Одлуката на Шекеринска да се повлече, доаѓа само неколку месеци, по она писмо од основачот на партијата, каде тој го замрзна членството во СДСМ и побара одговорност од Заев поради погрешните политики.
После повлекувањето на Шекеринска, во политичките кулоари се зборува за можно враќање во политиката на Бранко Црвенковски, а тие ,,муабети” се поткрепени со јавните критики упатени од поранешни функционери на СДСМ упатени кон лидерот Зоран Заев.

Деновиве е актуелен протестот за ослободување на осудените за настаните од 27-ми април, 2017 година.
Протестот беше поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, но и од поранешниот лидер Никола Груевски.

Пред околу 9 години на митинг на СДСМ, тогашниот лидер, Бранко Црвенковски одржа говор кој сеуште се памети и кој во тоа време предизвика многу реакции.
Имено, тој говореше за многу луѓе кои тогашната коалиција со тогаш партијата на власт, ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски полека ја напуштале, коалицирајќи со тогаш опозициската СДСМ.

Меѓудругото, Црвенковски го спомна односот на првиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски и тогашниот лидер, Никола Груевски.
,,Љубчо Георгиевски, Никола! Ти беше икона. Сликата негова и на маса и на ѕид ја имаше, и пред неа секое утро по три пати се крстеше! Кога со Љубчо, Никола ќе се поздравеше, три дена раце не миеше! – кажа тогашниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски.
Видеото во целост може да го погледнете овде

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -