17 C
Skopje

Видео: Колев – никој не зборува за избирачкиот список, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ прават се за да дојдат до договор да си го поделат колачот меѓу нив

АКТУЕЛНО

Никој не зборува за избирачкиот процес, а зборуваме за службените возила во МВР. Ако ВМРО-ДПМНЕ толку се загрижени, нека го отварат прашањето за прочистување на избирачкиот список. Иако се празници, ќе споделам со нашите гледачи, дека процесот за договори меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е започнат. Сето ова што се прави е деструктивна политика за да има договор за распределување на оние кои се мртви души од избирачкиот список, вели претседателот на ГДУ Петар Колев во гостувањето на ТВ Стар.

Не може одеднаш на парламентарни избори да имаме милион и сто илјади излезеност. Не е возможно за една година да имате на претходните избори 700. 000 излезеност а потоа милион и сто илјади. Што толку генијално се случи за да ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ги натераат плус 400 500 илјади да излезат на избори? Сето ова се прави само за да се дојде до договор да си го поделат колачот меѓу нив и да бидат пата пата на изборите, смета Колев.

Претседателот на ГДУ потсети дека најголемите владејачки партии зборуваат дека треба да го фатиме европскиот курс на напредок, но немаат реална желба зборот да го преточат во дело, а како доказ за тоа го наведува нивното ветување за промена на изборниот модел со кој ќе се воведе систем по европски модел.

Целото гостување на претседателот на ГДУ Петар Колев погледнете го во продолжение:

168 – Анализи и Коментари. Гостин: Петар Колев 13.01.2020

168 – Анализи и Коментари. Гостин: Петар Колев 13.01.2020

Posted by Tv Star – Televizija Star on Monday, January 13, 2020

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -