15 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

(Видео) Крадец влезе во ресторан за брза храна, си направи за јадење, па се реши за кратка дремка

Се чини дека еден крадец во САД убаво се најаде кога влезе во ресторан на „Тако бел“, па во недостиг на сила за бегство реши малку да дремне во празниот објект пред да си замине.

Тој влегол во ресторанот во доцните вечерни часови, си направил вечера и си легнал.

Полицијата во Лоренсвил, во сојузната држава Џорџија, објави фотографии и снимки од надзорните камери, на кои се гледа како осомничениот влегува во објектот непосредно по полноќ на 25 декември. По него сè уште се трага.

Тој влегол во објектот така што го скршил прозорецот на шалтерот и како што изгледа, не бил многу загрижен дали некој ќе го забележи.

„По влегувањето, може да се види како ја користи фритезата за да си направи оброк“, соопшти полицијата. По тоа, тој легнал и спиел речиси три часа по што си заминал.

Сторителот е опишан како Афроамериканец облечен во црни тренирки и црни патики, а од објектот украл и лаптоп и таблет.

Latest Posts

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.