fbpx
2.8 C
Skopje

ВИДЕО: ЉУБЧО ВИЗИОНЕРОТ – Погледнете што зборуваше во 2012 година

АКТУЕЛНО

 

Претседателот на ВМРО НП Љубчо Георгиевски е првиот македонски политичар кој уште многу одамна, кога никој немаше храброст да спомне, а камоли да се осмели да направи чекор за решавање на спорот за името со Грција, кажа дека токму предлогот „Република Северна Македонија“ е добар предлог, бидејќи тоа е само географска додавка на името Република Македонија, кое ќе придонесе да се отвори патот на Македонија кон ЕУ и НАТО. 

„Нема ништо страшно во името Република Северна Македонија за идентитетската основа на оваа држава. Јас постојано потенцирам. Грција ја злоупотребува својата ситуација, тоа вето дефинитивно ни го загорчува животот. Сакам да ги охрабрам другите македонски политичари, и оние од власта и оние од опозицијата, да пристапат кон решавање на овој проблем. Каде вие сте слушанале некоја држава да бара да и признае идентитет или јазик. Го гледаме проблемот на Албанците на Косово. Дали некој од нас слушнал тие да бараат некој да им признае идентитетско прашање. Тие бараат Република, тие бараат држава, а не идентитетско прашање. Ние сами навлегуваме во нешто што не треба. Тоа го прават малцинствата. Ние, Македонците, сами се доведуваме да се третираме самите себе како малцинство во сопствената држава. Јас додека преговарав никој не ми го поставил прашањето на идентитетот. Еве, нека ги најдат во архивите известувањата од тоа време, ќе видите дека таму нигде не е спомнат идентитетот. Тоа е наша современа измислица од последните години“, вели претседателот на ВМРО НП Љубчо Георгиевски во интервју од 2012 година.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -