fbpx
3 C
Skopje

(ВИДЕО) Македонските пожарникари помагаат на најкритичните точки во Албанија – ова се првите изјави

АКТУЕЛНО

ТВ21 се наоѓа во Драч, каде ексклузивно за граѓаните од Македонија ја пренесува напнатата и мачна ситуација во која се наоѓа овој град, но и соседна Албанија, по силниот земјотрес.

Три до четири деца се заглавени во рушевината каде што интернетираат екипи на пожарната од Град Скопје и екипи од Италија. Командитор Владимир Симоновски зборува ексклузивно за ТВ21.

„Ова е критична точка, со екипи од Турција се обидуваме да ги поместиме трите плочи кои се паднати една врз друга. Се претпоставува дека тука има три-четири деца кои се затрупани под рушевините“, вели Симоновски во изјава за ТВ21 во Драч, Албанија.

Инаку, исто така вреди да се напомене и дека колона долга еден километар пристигна во Албанија, како помош од Македонија, во која се вклучени различен број на екипи од различни области.

Од Дирекцијата за заштита и спасување споделија и дека во текот на ноќта, нивната екипа неуморно работела за извлекување на повредени и расчистување на урнатините во Драч.

Тимот за спасување од урнатини на Дирекцијата за заштита и спасување придружуван од двајца припадници на МВР со куче…

Posted by Дирекција за заштита и спасување on Wednesday, November 27, 2019

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -