fbpx
5 C
Skopje

ВИДЕО: Мингинго е најнаселениот остров во светот

АКТУЕЛНО

Малиот остров Мигинго, е еден од најнаселените острови на светот, бидејќи на само 2.000 метри квадратни живеат околу илјада луѓе. Официјално таму живее 131 жител, но локалците тврдат дека всушност се десет пати повеќе, што е видливо и на фотографиите од островот со прилично необична историја.

Дел од луѓето тврдат дека на островот дошле двајца кениски рибари, Далмас Тембо и Џорџ Кибебе во 1991-та година, а потоа почнале да пристигнуваат и други жители, и тогаш започнала борба за тој простор богат со риба, пишува „Oddity Central“.

Мигинго се наоѓа на езерото Викторија во Африка, помеѓу Кенија и Уганда. Тој технички е на кениско подрачје, но властите на Уганда тврдат дека рибарите ловеле на нивно подрачје. Таа мала војна го достигнала својот врв во 2008-та година, кога Уганда пратила војска на Мигинго, за да ги евакуира кениските рибари и да го заземе островот. Тензиите биле големи до 2016-тата година, кога Уганда и Кенија конечно се договориле двете да собираат данок и да праќаат своја војска за да го бранат островот од пирати.

Најинтересен факт во оваа приказна е тоа дека веднаш покрај Мигинго постои многу поголем, но ненаселен остров – Усинго. Приказните велат дека на него живее демон, поради што рибарите се плашат да живеат таму. Исто така, пиратите поретко го напаѓаат Мигинго, кој е добро чуван.

Локалното население вели дека нападите на пиратите не се пречести, туку дека еднаш месечно им крадат риба и гориво.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -