„Мито е Тито“. Овој текст стои под тетоважата на фан на Митко Јанчев, кој го истетовирал неговиот лик.
Видеото кое се појави на социјалните мрежи има илјадници прегледи и повеќе споделувања, а засега не се знае идентитетот на фанот на Јанчев кој решил и да го истетовира на телото.
Без разлика на партиските определби, јасно е дека во Кавадарци сите го сакаат или во најмала рака го почитуваат Јанчев, поради се што има направено за Кавадарци во неговиот мандат, но и претходно.
Огромен е бројот на луѓе кои добиле финансиска или било каква помош и поддршка од Митко, па оваа тетоважа и не е за чудење, бидејќи веројатно некој ја направил во знак на благодарност.
Mito e Tito !!!🐸🐸🐸
Posted by Bullfrog Tattoo Studio on Wednesday, November 6, 2019