fbpx
23.8 C
Skopje

(ВИДЕО) Мицкоски бара сите партии да се откажат од средствата за кампањата за референдумот

АКТУЕЛНО

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати апел до сите политички партии да се откажат од средствата за кампањата за референдумот, по примерот на неговата партија.

-Ја користам оваа прилика да апелирам и до владата средствата да ги пренамени за реконструкција и изградба на гимназијата ‘Кирил Пејчиновиќ’ во Тетово. Но, истовремено еве да упатам апел до колегите од другите политички партии да не ги користат средствата коишто се предвидени, и истите да ги пренаменат за други цели коишто ќе бидат неопходни за решавање на вистинските проблеми на граѓаните.

Еве апелирам и до пратеничката група на СДСМ и до останатите политички партии коишто се дел од владината коалиција да ги пренаменат средствата, наместо да ги користат во ваква стерилна кампања во која што ќе се обидат лагата да ја претстават како вистина, капитулацијата како победа, рече Мицкоски.

Тој предлага власта да ги пренамени парите за санирање на, како што вели, штетните политики на владата во земјоделието. „Еве на пример гледаме дека е пред ескалација проблемот со лозарите, да можат таму да се пренаменат средствата да може маката на лозарите колку толку да биде санирана“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека неговата партија ќе промовира нов ткн политички волонтеризам.

-ВМРО-ДПМНЕ како што гледате е меѓу народот, ВМРО-ДПМНЕ е со народот. Од 10 септември и официјално започнува самиот старт на кампањата, го промовираме таканаречениот нов политички волонтеризам со голем број на волонтери ширум Македонија ќе се обидеме на граѓаните, без да ги трошиме нивните со мака стекнати пари да можеме да им објасниме на граѓаните за штетните последици од овој капитулантски договор кој што го потпиша владата на СДСМ и Зоран Заев, но, истовремено да се обидеме да го зачуваме достоинството на македонскиот народ и македонската држава, рече Мицкоски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -