fbpx
3 C
Skopje

Младоженец прекинал свадба – рекол дека сака уште една жена и се свртел во нејзин правец

АКТУЕЛНО

Свадбите се настани кога двајца луѓе ја слават својата љубов. Иако свадбата долго се планира, често се случуваат некои непредвидени работи.

За време на свадбата на Џеферсон и Џесика во Португалија, младоженецот во еден момент признал дека сака друга жена. Сите биле запрепастени од оваа изјава!

Но, тој немал намера да ја остави својата сакана пред олтар. Кога рекол дека сака и друга жена всушност мислел на својата 8-годишна ќерка Џована.

„Те сакам и тебе мое драго дете. Ќе се грижам за тебе и секогаш ќе те штитам, нема никогаш да дозволам нешто да те повреди“, рекол Џеферсон пред својата ќерка.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -